За финансирање на руската вселенска програма од 2013 до 2020 ќе се потрошат 2 трилиона рубљи

Русија го зголемува буџетот за својата вселенска програма.

За финансирање на руската вселенска програма во 2013-2020 година ќе бидат потрошени повеќе од 2 трилиона рубљи, се кажува на интернет-страницата на Роскосмос.

„Вкупната висина на финансиите за поддршка  на државната програма изнесува 2,1 трилиони рубљи (околу 51 милијарди евра), вклучувајќи и небуџетски извори“, се кажува во соопштението.

Основен приоритет на државната вселенска програма ќе биде „обезбедувањето на гарантиран пристап на Русија во вселената, развиток и користење на космичката техника, технологии и услуги во интересите на социјално-економската сфера, а исто така и развиток на ракетно-вселенската индустрија и исполнување на меѓународните обврски“. Втор приоритет ќе биде создавањето на вселенска апаратура за научната сфера, а трет - извршување на летови со човечки екипаж. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.