Во градот Волоколамск во Подмосковје ќе биде изграден првиот бизнис-аеродром во Русија

Нова аеродром за задоволување на големата економска активност во Москва.

Во градот Волоколамск, недалеку од Новоришкиот пат треба да биде изграден првиот бизнис-аеродром во Русија. Иницијатори на овој проект се руски претприемачи, но за истиот се заинтересирани и европски инвеститори. Претприемачите се надеваат дека проектот ќе биде реализиран годинава.

За бизнис-аеродромот ќе се издвојат 500 хектари земјиште. Новиот аеродром, според планот, ќе има капацитет од најмалку 100 лета дневно, а неговиот авиопарк ќе го сочинуваат околу 120 авиони. Планирано е и место за паркирање на 60-80 приватни авиони. Проектното име на аеродромот е „Сирин“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња