Во главниот оперски татар на Санкт Петербург, се очекува во мај да се отвори нова сцена. Оваа есен овде ќе се одржат најтешките и големи претстави - пред сѐ оперите на Вагнер. Изградбата се планираше одамна, а во конкурсот зедоа учество познати архитекти. Уметничкиот раководител на театарот, Валериј Гергиев, активно го поддржуваше проектот на архитектот Ерик Мос, кој не им се допаднал на граѓаните на Санкт Петербург, бидејќи никој не сака премногу современа зграда во центарот на градот-музеј.
На конкурсот во 2003 го добил проектот Доминик Перо, кој подоцна бил одбиен (појасно станало јасно дека во проектот немало предвидено инсталации за вода, вентилација и канализација). Во новиот конкурс во 2009, проектот го доби канадското архитектурно биро Diamond & Schmitt Architects. Министерот за култура на Русија, Владимир Мединскиј, е многу задоволен од проектот. „Тоа ќе биде најдоброто театарско здание во целиот свет!“, напишал Медински во својот микроблог.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче