Во Русија ќе се воведе нов предмет во училиштата

Никита Михалков предложи да се воведе нов предмет во училиштата.

Претседателот на Сојузот на кинематографи на Руската Федерација, Никита Михалков, предложи да се воведе нов предмет во училиштата, конкретно за учениците од 6 и 7 одделение, кои би ги изучувале 100-те најдобри филмови.

Вчера од Министерството за култура подвлекоа дека за оваа идеја на Никита Михалков ќе се дебатира кон крајот на јануари, кога ќе се одржи прес-конференција околу воведувањето на нов предмет „100-те најдобри филмови“, соопшти за РИА Новости претставник од Министерството за култура.

До крајот на јануари, министрите за култура и образование ќе одржат заедничка прес-конференција околу идејата за овој факултативен предмет во училиштата и за возможните методи за негова реализација.

Списокот на филмови кои ќе се прикажуваат пред учениците е составен врз основа на предлози од граѓаните кои учествувале во анкета, одржана минатата година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња