Руската православна црква ќе ги земе под своја закрила сирачињата-инвалиди

Руската православна црква од државата ќе добие право да ги земе под своја закрила државните детски домови за инвалиди.

Руската православна црква од државата ќе добие право да ги земе под своја закрила државните детски домови за инвалиди. Досега Црквата, во основа формирала свои сопствени сиропиталишта, но после прифаќањето во Думата на законот кој им забранува на американците да посвојуваат руски сирачиња, патријархот Кирил изјави дека Руската православна црква е подготвена да се грижи и за интернатите.

Многумина вдомуваат кај себе да воспитуваат инвалиди, но таквите луѓе се далеку помалку на број, отколку оние што посвојуваат здрави деца. Затоа - тоа е сфера на црковната дејност. Ние сме подготвени да работиме со децата инвалиди. Спремни сме да ги земеме државните детски сиропиталишта за инвалиди под своја закрила и да направиме сѐ, за да ги воспитуваме децата“, изјави патријархот Кирил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња