Шарапова останува втор рекет во светот

Русинката Марија Шарапова го задржа второто место на рејтингот на Женската тениска асоцијација (ВТА).

Русинката Марија Шарапова го задржа второто место на рејтингот на Женската тениска асоцијација (ВТА). Статусот прв „рекет“ во светот, како и порано, останува на белорусинката Викторија Азаренко, додека на третото место се наоѓа американката Серена Вилијамс.

Првите десет места во ВТА рејтингот изгледаат вака:

1. Викторија Азаренко (Белорусија)

2. Марија Шарапова (Русија)

3. Серена Вилијамс (САД)

4. Агнешка Радванска (Полска)

5. Ангелика Кербер (Германија)

6. На Ли

7. Сара Ерани (Италија)

8. Петра Квитова (Чешка)

9. Саманта Стосур (Австралија)

10. Керолин Возњацки (Данска)

Руските тенисерки ги заземаат следниве позиции:

12. Надежда Петрова

14. Марија Кириленско

19. Екатерина Макарова

24. Анастасија Пављученкова

68. Елена Веснина

85. Светлана Кузнецова

86. Нина Братчикова

93. Александра Панова

96. Вера Звонарева

Кај мажите, русинот Николај Давиденко се качи на 40 место во рејтингот на асоцијацијата на професионални тенисери (АПТ). Во првата десетка, во споредба со претходните показатели, измени нема - како и порано, на прво место е србинот Новак Џокович, швајцарецот Роџер Федерер е на второто место, а на третото место е британецот Енди Мари. Најдобар руски тенисер на листата е Михаил Јужниј на 25-та позиција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.