Русија и Шведска ќе изведат вежби за спасување подморници

Руските и шведските морнарички сили ќе изведат заеднички вежби за спасување подморници.

Руските и шведските морнарички сили ќе изведат заеднички вежби за спасување подморници, изјави претставник на Балтичката флота во саботата.

Покасно годинава, експерти од Балтичката флота, заедно со експерти од Шведска ќе изведат вежби кои ќе вклучат операции за спасување на подморница која побарала помош.

Вежбата ќе вклучи подморница која ќе „лежи“ на морското дно, прегледување на состојбата на трупот на подморницата и употреба на далечинско контролирани подморници за спасување на нејзиниот екипаж.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.