Францускиот актер Жерар Депардје возможно е уште денеска да го добие рускиот пасош, и тоа лично од претседателот Владимир Путин, соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на претседателот на државата, Дмитриј Песков.
„Владимир Путин денеска ќе го прими Жерар Депардје, кој дојде од патувањето во Сочи... Не е исклучено дека на средбата со актерот, пасошот ќе му биде даден од Путин“, изјави Песков.
Песков исто така го прокоментира и прашањето за давање на руско државјанство на Брижит Бардо. „Ние многу го цениме влогот на Брижит Бардо во светската кинематографија, нејзината работа во областа на заштитата на животните, но засега прашањето за државјанство не дошло до нас; ако кај нас дојде соодветно барање, тоа веднаш ќе биде разгледано“, изјавил Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче