Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, го потпиша указот за утврдување на стратегијата за развој на медицинската наука во Русија до 2025 година, се соопштува на официјалниот сајт на владата.
„Реализацијата на Стратегијата ќе дозволи до 2025 година да се модернизираат повеќе од 50% од лабораториите и до 100% од клиниките до нивоа, кои одговараат на барањата на современата лабораториска и клиничка пракса. Бројот на научни соработници до 39 години ќе се зголеми за 8% и ќе изнесува 33%. Се очекува бројот на иновациски продукти кои ќе излезат на пазарот да изнесува до 10% од бројот на регистрираните продукти кои за прв пат се регистрирани“, се објаснува во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче