Новосибирск се подготвува да стане снежна престолнина на светот

Живот на минус - секојдневие за жителите на Новосибирск.

Губернаторот на Новосибирската област, Василј Јурченко, организира Светски форум на снег, кој ќе се одржи од 17-20 јануари во Новосибирск. Сличен настан до сега немало. На овој меѓународен форум ќе се соберат раководители и специјалисти за развој на снежни територии, еколози од САД, Финска, Норвешка, Швајцарија, Јапонија, Германија, Русија, како и градоначалници на северни градови.

На форумот, меѓу другото, ќе се расправа за изградба на комфорни средини за жителите на снежните територии, како и за предностите на активниот одмор и спортување во вакви снежни услови. Според зборовите на Василиј Јурченко, снегот и ниските температури се нормална животна состојба на која руските државјани потполно се прилагодиле. „Нашето искуство во организирање на живот во снежни и екстремно ладни услови, е многу интересно за нашите странски колеги. А нивните технологии на градење во северни предели се интересни за нас“, истакна губернаторот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња