Во Ту-204 имало повеќе патници од официјалниот список

Стјуардесата која ја преживеала несреќата соопшти дека во авионот имало повеќе патници отколку што е официјално кажано.

Стјуардесата која ја преживеала несреќата соопшти дека во авионот имало повеќе патници отколку што е официjално кажано. Освен четворицата загинати и четворицата ранети членови на екипажот, во авионот имало и нелегални патници.

За тоа соопшти порталот Life News, посочувајќи неколку извори и очевидци.

- Според зборовите на стјуардесата Кристина Баранова, која е хоспитализирана во Москва, во авионот имало многу повеќе луѓе, отколку што е кажано официјално. Таа им раскажа на докторите дека нејзините колеги кои не биле регистрирани за летот, летале во празен авион за да ја пречекаат Новата година.

Освен зборовите на оваа стјуардеса, за нелегалните патници раскажуваат и спасувачите кои ги извлекувале телата од авионите.

- „Јас лично носев тројца загинати“, изјави еден од учесниците во спасувачката операција.

Во авионот се наоѓале од 10 до 12 патници. Официјалните бројки на другите институции кажуваат дека во авионот имало само 8 патници.

Местото на катастрофата е изолирано, а соработниците на МВР детално го прегледуваат местото.

Ова е списокот на екипажот:

1. Шмелев Г.Д. - загинат;

2. Асташенков Е.Р. - втор пилот, починал во автомобилот на брзата помош;

3. Жигалина Е.М. - загината;

4. Фисенко И.Н. - загинат;

5. Изосимов Алексеј - техничар, хоспитализиран со скршеници на главата;

6. Баранова Кристина - хоспитализирана во реанимација со скршеници на главата;

7. Винокуров Дмитриј - хоспитализиран со скршеница на рбетот;

8. Пенкина Татјана - 25 години, хоспитализирана со повреда на главата.

Ова е втора несреќа на овој авион во неговиот функционален век. Првата се случила на 22 март 2010 година. Тогаш авионот, кој се враќал без патници од Хургада, не долетал 1,5 км до аеродромот Домодедово и се спуштил во шумата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња