Податоци за аеродромот „Внуково“

Ви претставуваме информација за аеродромот “Внуково“.

Авионот Ту-204 утрово при слетување на „Внуково“ излета од пистата, при што истиот се запали. Според досегашните информации, загинаа четворица, а уште четворица се хоспитализирани.

Ви претставуваме информација за аеродромот “Внуково“.

Меѓународниот аеродром Внуково е еден од најголемите авиотранспортни комплекси во Русија и го зазема 4-то место по бројот на патници. Аеродромот внуково е член на европското одделение на Меѓународниот совет на аеродроми.

Капацитетот на аеродромот е 6.800 патници во еден час. Секоја година од аеродромот авионите полетуваат околу 120.000 пати. На него оперираат околу 200 руски авиокомпании од Русија, ЗНД и од други земји.

Аеродромот располага со две писти - едната со должина од 3.000 метри, а другата - 3.060 метри и ширина од 60 метри. Капацитетот на пистите е 45 слетувања/полетувања на час. Аеродромот работи 24 часа на ден. Пероните во комплексот се предвидени за 100 авиони од различни видови и големини - од деловни авиони, па сѐ до најголемите авиони Boeing и Антонов-124-100 „Руслан“.

Аеродромот е лоциран на 27 километри од центарот на Москва, на надморска височина од 205 метри над морето.

Во 2012 година, аеродромот бил појдовна или дојдовна точка за нешто повеќе од 10 милиони патници. Во 2011 година низ аеродромот поминале вкупно 8,2 милиони патници, што е зголемување за 22% оваа година.

Основен акционер на аеродромот е државата - 74,73%, додека другите акции се во сопственост на „Внуково-инвест“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.