На 20 декември годинава, изумителот на светскиот „бренд“ - автоматот „калашњиков“, Михаил Калашњиков, беше сместен во Републичкиот клиничко-дијагностички центар (РКДЦ), заради контролни иследувања.
Но, Калашњиков не е подложуван на никакви постапки за реанимација и неговата состојба не е така критична, како што првично пренесоа медиумите. Ова го соопшти главниот доктор на РКДЦ, Сергеј Рјашчиков.
Имено, претходно беше соопштено дека 93 годишниот Калашњиков е сместен во болница на одделението за реанимација. Според докторот, Калашњиков е сместен во посебна соба за реанимација, едноставно затоа што „на реанимација е поедноставно да се извршат сите потребни иследувања.“
„Во прво време навистина го сместивме во посебна соба за реанимација, но на него не се применувани никакви мерки за реанимација. Во понеделникот веќе го сместивме на крадиолошкото одделение“, извјави докторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче