Тестовите на рускиот ловец од петтата генерација ќе започнат во март 2013

Државните тестови на рускиот авион-ловец од петтата генерација (ПАК ФА) ќе започнат во март 2013 година. Во тестовите ќе бидат активирани 8 авиони. Ова го соопшти на новинарите генерал-поручник Виктор Бондареев.

Државните тестови на рускиот авион-ловец од петтата генерација (ПАК ФА) ќе започнат во март 2013 година. Во тестовите ќе бидат активирани 8 авиони. Ова го соопшти на новинарите генерал-поручник Виктор Бондареев.  

Во овој момент авионот ги поминува фабричките летни тестови.

"ПАК ФА успешно ги исполнува летовите, три авиона веќе се тестираат во Жуков под Москва, еден авион сѐ уште ги поминува тестовите во фабриката. И петтиот авион е речиси готов. Од март сите овие авиони ќе бидат активирани во Ахтубинск во Астраханската област (Државниот испитувачки центар „Чкалов“), и таму ќе започнат државните тестови“, изјави Бондарев.

Според неговите зборови, во март ќе бидат тестирани пет авиони, а сите останати, веднаш штом излезат од фабриката, ќе бидат пратени во Ахтубинск. „Во 2013 во Ахтубинск ќе дојдат осум авиони“, изјави генералот.

Овие тестови и испитувања треба да завршат за 2 до 2,5 години, односно, некаде во 2015-2016 година овие авиони ќе стапат во сериско производство.

Т-50 (проект ПАК ФА) - е авион од петтата генерација, опремен со сосема нов комплекс за авионика и најнова радио-локациона станица. Првиот лет се изврши на 29 јануари 2010 година, а прв пат во јавноста излезе на 17 август 2011 година, за време на МАКС-2011.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња