Мавзолејот на рускиот револуционерен лидер, Владимир Ленин, мора да биде капитално реновиран, откако неговите фундаменти претрпеле оштетувања поради водата која протекувала.
Иконата на комунистичкото движење во СССР исто така мора да помине низ фаза на „реставрација“, што дополнително создава дебати во Русија за тоа дали треба Ленин да биде закопан или не.
Мавзолејот на Ленин, структура во облик на кутија, стои веднаш пред ѕидините на Кремљ на Црвениот плоштад, и не е извршено негово реновирање веќе 80 години, рече Сергеј Девјатов, претставник од службата во Кремљ која е одговорна за мавзолејот.
Тој исто така нагласи дека телото на Ленин нема да биде преместено за време на поправките.
Тим на научници, одвреме-навреме извршува интервенции врз телото на Ленин, кои, меѓу другото, вклучуваат и промена на старото одело со ново.
Дебатите за тоа дали да биде преместено телото од мавзолејот (изграден во 1924 година), започнаа после распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Освен што служи како туристичка атракција, зголемениот број Руси повикуваат неговото тело да биде закопано, на што Комунистичката партија на Русија остро се спротивставува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче