Познатиот конструктор Михаил Калашњиков е хоспитализиран и се наоѓа во одделението за интензивна нега. За тоа соопшти неговиот референт, Николај Шкљаев.
Според податоците на порталот Lifenews, Калашњиков се наоѓа на интензивна нега во Републичкиот кардиолошки клинички диспанзер во Удмуртија. Најпрвин тој дошол во болницата за анализи, кога и му се слошило, при што веднаш бил однесен во клиниката за интензивна нега. Се соопштува дека во моментот животот на Калашњников не е во опасност.
На 10 ноември Михаил Калашњиков наполни 93 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче