Руско-македонска соработка во сферата на високото образование

Уште една конкретна руско-македонска соработка на полето на високото образование.

Во Тамбовскиот државен универзитет „Державин“ (ТДУ), во рамките програмата за размена на студенти и професори, престојуваше делегација од Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“ (МСИ), од Р. Македонија.

За време на престојот на македонските гости во Универзитетот „Державин“, се одржа тркалезна маса на тема „Механизми на реализација на заедничките образовни програми на ТДУ и МСИ“, на која беа определени понатамошните чекори во исполнувањето на учебниот процес на заедничките наставни програми на додипломски и последипломски студии по економија, психологија и новинарство.

Посетата на Центарот за дијагностика и консултации предизвика посебен интерес кај македонските гости. Раководителот на Научниот центар, Н. Ковал, раководителот на катедрата по социјална психологија на ТДУ и нејзините колеги имаа и практичен час на тема „Испитување на личноста во услови на експресна дијагностика.“

Програмата за посета вклучуваше и културни активности. Делегацијата од Македонија го посети обласниот музеј, Музејот на ТДУ, Дом-музејот на Г.В. Чичерин, историската изложба на минијатури „Руската и француската армија – 1812 г.“. За гостите од Македонија беше  организирано и патување до Мичуринск со посета на Домот-музеј на А.М. Герасимов, Богољубскиот собор и Мичуринскиот земјоделски факултет.

Во пријателска атмосфера помина и вечерта на руско - македонска дружба и вечерта на руска култура на која настапи фолклорниот ансамбл „Кужелек“, а македонските студенти ги демонстрираа своите вокални и музички способности на кариоки вечерта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња