Британскиот Метеоролошки институт прогнозира дека 2013-та година ќе биде една од најжешките години откако се мери температурата, односно од 1850 година.
Британците дури дадоа и конкретна цифра на затоплувањето. температурата ќе биде поголема од средната на Земјата за 0,57 степени.
Патем, според податоците на британскиот Метеоинститут, годинава која си заминува го зазеде 9-то место според висината на температурата. Средната температура на земјата оваа година била за 0,48 степени Целзиусови повисока од нормално.
Глобалните показатели ги сочинуваат податоците добиени од три извори - британскиот Метеоинститут, како и два американски метеоролошки института.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче