Sacre bleu!
Рускиот претседател Владимир Путин му понуди руски пасош на Жерар Депардје. „Ако Жерар навистина сака да има дозвола за престој во Русија, или руски пасош, ние ќе одговориме позитивно на тоа“, изјави Путин на конференцијата во четвртокот.
Депардје порано изјави дека се откажува од францускиот пасош и дека ќе стане жител на Белгија поради зголемениот данок за богатите. Депардје веќе доби официјални документи за жител на еден град во Белгија кој се наоѓа само неколку минути од границата со Франција.
„Ги разбирам чувствата на Депардје, но и покрај тоа што тој се смета за Европеец, граѓанин на светот, јас знам, бидејќи имаме добро пријателство, дека тој се чувствува како Француз“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче