На поранешниот раководител на американската база во Гвантанамо, адмирал Џефри Хабесон, не му е дадена руска виза поради „нарушување на правата на човркот“. За тоа соопштува весникот „Известија“, надоврзувајќи се на извори во МНР во Русија и Думата.
Барањето за виза на поранешниот раководител е одбиено уште кон крајот на 2011 година, кога американските законодавци само што ја започнале работата над „законот Магнитски“, а руската страна објавила дека ќе воведе визни ограничувања за граѓаните на САД кои учествувале во работата на затворот во Гвантанамо.
Американските законодавци ја започнале работата над „списокот Магнитски“, како одговор на смртта во 2009 година на адвокатпт во фондот Hermitage Capital, Сергеј Магнитски. Во првоначалниот список влегле руски државни службеници кои биле обвинети за смртта на адвокатот. Русија на тој чекор одговорила со сопствен список, во кој од ноември 2011 година се нашле и граѓани на САД кои имаат поврзаност со работата на Гвантанамо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче