Гаспром постави рекорд во испораката на гас

На 13 декември Гаспром постави рекорд во дневната испорака на гас во Европа - 550 милиони кубни метри гас

На 13 декември Гаспром постави рекорд во дневната испорака на гас во Европа - 550 милиони кубни метри гас.

„Од почетокот на декември се бележи невиден раст на испораката на гас на европскиот пазар. Вчера е постигнат рекорд во количината на испорачан руски гас во Европа - 550,1 милион кубни метри“, изјави директорот на Гаспром, Алексеј Милер. Тој исто така изјави дека тоа е доказ за потребата од проекти како што се Северниот и Јужниот тек.

Експертите забележуваат дека ситуацијата на пазарот за гас значително се промени во последните шест месеци. Доаѓањето на зимата ги натера земјите на ЕУ нагло да ја зголемат потрошувачката на гас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња