Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, сака да создаде центар за роботска технологија, кој во иднина ќе служи на потребите на министерството за одбрана.
Освен ова, тој порача да се започне со создавање и на центар за беспилотни летала.
За решавање на овие задачи ќе биде создадена работна група која ќе ги решава прашањата околу идната местоположба на објектите, нивната функција и задачите кои ќе ги имаат.
Ваквиот центар ќе помогне Русија да направи голем чекор напред во оваа технолошка гранка, посебно во време кога роботизираните средства стануваат сѐ почеста алатка на министерствата за одбрана во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче