Извор: ИТАР-ТАСС
До Олимпијадата останува уште многу малку. Спокојни ли сте за националната репрезентација?
Што значи тоа спокојни? Хокеј не игра само Русија. Тука конкуренцијата е многу силна. Гледаме колку професионално играат Канаѓаните и Американците. Гледаме дека и Финците, Швеѓаните и Чесите не заостануваат.
Ако руската национална репрезентација не го освои првото место во Сочи, ќе биде ли тоа катастрофа?
Тоа е преувеличување. Кај нас, во Русија премногу се политизираат резултатите. Ете, заврши лондонската олимпијада. Нашата репрезентација освои повеќе медали, одошто на претходната олимпијада во Пекинг. Во целост таа се претстави достојно. Но, зошто, сепак, се обидувавме да бидеме незадоволни? Потоа зашија и Параолимписките игри.
Во целост репрезентацијата е добра. Би било прекрасно ако успееме да го сочуваме оној дух што го имавме на светското првенство.
И ако ги споредите нашите награди од Олимпијадата и од Параолимпијадата, ќе стане јасно дека Русија е голема спортска сила. Зошто во последниве години ги броиме само златните медали?Заборавивме што е тоа сребро и бронза. А, шампионатот на Европа воопшто не го ни вбројуваме во пресметките. Да, сакаме да сме први, ако може. Така и ќе биде. Едноставно треба малку да се почека.
Играта на кој хокеар од денешниот состав на националната репрезентација ви се допаѓа особено?
Во целост репрезентацијата е добра. Би било прекрасно ако успееме да го сочуваме оној дух што го имавме на светското првенство. Но, се разбира, може да се истакне Евгениј Малкин, кој за време на светското првенство беше во фантастична форма. Павел Дацјук, Илја Никулин... Сите тие можат да се истакнат. Ное имавме вистинска репрезентација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче