Во Москва е претставена маскотата за Светското првенство во лесна атлетика, кое ќе се одржи во главниот град од 10 до 18 август 2013 година. Одлучено е тоа да биде врабецот. Симболот на натпреварувањето е избран по пат на Интернет-конкурс.
„Роденденот на нашата маскота е јуни 2012 година“, изјави генералниот секретар на Серуската федерација за лесна атлетика, Михаил Бутов, и додаде: „Одлучивме да го избереме врабецот, затоа што сакаме врабецот да асоцира на луѓето на Москва и на лесната атлетика. Оваа птица поседува многу особини на атлетичар – брза е, леса и подвижна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче