Путин ја истакна важноста на финалните подготовки за Олимписките игри

За Летните Олимписки игри сè мора да биде совршено

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика министерствата и агенциите, вклучени во организацијата на Летните Олимписки игри во Сочи 2014, да го комплетираат започнатиот проект.

„Не можам да не се согласам и да ги потсетам сите дека финалната фаза е најзначајна и најодговорна“, рече Путин на средбата по повод подготовките за Олимписките игри, која се случи за време на неговиот пат до Краснаја Полјана со брзиот воз на новоотворената железница.

Путин потсети дека над 80 проценти од сите средства кои ќе бидат потрошни на подготовките за Олимпијадата, се за инфраструктурни објекти.

„Олимписките игри се празник. Во ситуација кога светот не може да излезе од економската криза, ова е позитивен сигнал не само за нашата земја, туку и сигнал кој доаѓа од нашата земја за подигннување на расположението на луѓето и кој покажува дека не постојат само проблемите, туку дека знаеме и да празнуваме. Мислам дека народот на Русија заслужи да празнува“, рече Путин.

Путин истакна дека Руските атлети ќе имаат можност да тренираат во сите новоотворени објекти, „со што ние ќе имаме природна компаративна предност со тоа што сме на домашен терен.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња