Медиумите кои се финансираат од странските фондови - потенцијални странски агенти

Се стега обрачот околу медиумите кои се финансираат од странство

Некои списанија, весници и други средства за јавно информирање, како и невладините организации кои се финансираат од странство - би можеле да добијат статус на странски агенти. Пратеникот од владејачката „Единствена Русија“, Евгенија Фјодоров, предлага да им се додели таков статус и на медиумите кои добиваат финансиска помош од странство.

Фјодоров веќе по втор пат се обидува законски да ги обврзе руските медиуми јавно да кажат за кого работат. Прв пат проба тоа да го направи во јули, веднаш после прифаќањето на амандманот на законот за невладини организации кои се финансираат од странство. Фјодоров изготви нацрт-закон, според кој медиумите кои се финансираат на ваков начин би добиле статус „странски агенти“. Тие би биле внесени на посебен список, а нивното трошење на странските пари би било строго надгледувано. Сепак, колегите на Фјодоров не ја поддржаа неговата идеја.

Според новиот нацрт-закон, статусот на странски агент ќе го добијат само тие медиуми, кај кои странската финансиска помош сочинува повеќе од 50% од вкупниот буџет и кои се занимаваат со анализа на политичките активности на територијата на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња