МНР РФ: Русија повикува на антитерористички фронт против ИД

МНР РФ го нарече терористичкиот чин во Либан како нов крвав обид да се наруши мирот и да се посее меѓуверска недоверба во земја-пријател на Русија.

Москва решително го осудува крвавиот терористички чин во Бејрут, изјавија од МНР РФ, пренесува ТАСС.

Русија „изразува искрено сочувство до семејствата на загинатите и им посакува побрзо оздравување на ранетите“.

„Вознемирени сме од подлиот терористички напад против мирните жители на либанскиот главен град и решително го осудуваме уште еден варварски злостор на екстремистите на земјата на напатениот Либан. Извршителите и нарачателите на овој злостор треба да ја добијат заслужената казна. Се работи за нов крвав обид да се наруши мирот и да се посее меѓуверска недоверба во оваа пријателска за Русија земја“, потенцира МНР РФ.

Москва повторно ги повикува сите сили на Блискиот Исток и надвор од него, заинтересирани за искоренување на „Исламската држава“ и другите слични на неа криминални организации, „да се обединат во заеднички антитерористички фронт на меѓународно-правна основа за уништување во најкраток рок на терористите и враќање на стабилноста во блискоисточниот регион“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња