Додека Кина склучуваше договор со Иран за изградба на две атомски централи на јужното крајбрежје на оваа земја, Русија освојуваше нови пазари за своите нуклеарни технологии, пишува „Дипломат“ (The Diplomat).
„Загубата на незначителен дел од својот пазар за извоз на нуклеарни технологии во корист на Пекинг не ја затекна Русија неподготвена“, истакнува изданието.
Како најперспективен проект е изградбата на НЕЦ „Акују“ во Турција, како и низа спогодби и договори во сферата на нуклеарната енергетика – меморандумот за изградба на првата нуклеарна централна во Египет, во Јордан, договорот со Саудиска Арабија за билатерална соработка.
Иако Пекинг на свој начин се обидува да ја истисне Москва од Иран, „Росатом“ сѐ уште ја има доминантната позиција во иранската атомска енергетика, затоа што веќе се потпишани нови договори со Техеран за изградба на нуклеарни реактори во Бушер во краткорочна и долгорочна перспектива. Договорот предвидува и изградба на сосем нова НЕЦ во Иран со четири реактори од руско производство, пишува изданието.
Според мислењето на изданието, проширувањето на рускиот сегмент на светскиот пазар на нуклеарни реактори е политички приоритет на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче