Швеѓаните пронајдоа „руска подморница“

Недалеку од источниот брег на Шведска е откриена потоната подморница со непознато потекло, соопшти ТВ каналот „Ес-Ве-Те“.

Недалеку од источниот брег на Шведска е откриена потоната подморница со непознато потекло, соопшти ТВ каналот „Ес-Ве-Те“.  

Досега веста за пронајдокот на шведските нуркачи ја пренесоа речиси сите светски медиуми, додавајќи го податокот дека по година дена упорно барање на таинствената „руска подморница“ таа сепак е пронајдена. Притоа многу медиуми во неа ја препознаа  руската подморница „Сом“, изградена 1901 година, а која потонала по судар со брод во мај 1916 година.   

Според еден од членовите на нуркачкиот тим  Ocean X-team, на подморницата се наоѓааат натписи на кирилица, што наводно сведочи за тоа  дека подморницата е руска. Подморницата е фотографирана и снимките се испратени во Министерството за одбрана на Шведска.

„Одлучиливме да не го коментараме тоа, додека не добиеме повеќе материјал. Ја продолжуваме анализата“, одговорија од Министерството на прашањето на агенцијата „Ројтерс“ дали навистина се работи се за „руска подморница“. 

Во меѓувреме на интернет активно се дискутира ова прашање и се споредуваат снимките на нуркачите со стари фотографии од подморницата „Сом“. На една фотографија, на пример, блогерите тврдат дека го забележале „тврдиот знак“ (ъ) каков што има во називот на подморницата  „Сомъ“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.