Медиум: Обама почнува „прересетирање“ на односите со Русија

Украинската криза не може да се заборави со притискање на копче и администрацијата на Обама нема да труби на цел глас за својата нова дипломатија со Путин, затоа што критичарите при најмал знак на смирување би почнале да се жалат на нечесна игра, пишува Шон Кили за „Национален интерес“.

Украинската криза не може да се заборави со притискање на копче и администрацијата на Обама нема да труби на цел глас за својата нова дипломатија со Путин,  затоа што критичарите при најмал знак на смирување би почнале да се жалат на нечесна игра, пишува Шон Кили за „Национален интерес“. Но, зад затворени врати американската администрација почнува да го менува курсот. Тоа не би можело да се нарече „ресетирање на односите“ и затоа овој процего наречеме „прересетирање“, пишува американскиот весник.  

Обама по преговорите со Иран и во разговорот Томас Фридман од „Њујорк Тајмс“ неочекувано позитивно се изјасни за улогата на Русија во преговорите во Виена. „Ќе бидам искрен, Русија помогна во решавањето на ова прашање“, рече Обама. „Ме изненади колку Путин и руската влада ги раздвоија тие две прашања (Украина и Иран). Овој договор немаше да биде постигнат доколку Русија не беше подготвена да соработува со нас и другите членови на „шестката“ на постигнување квалитетен договор“, изјави американскиот претседател.

„Ова воздржана пофалба сама по себе не сведочи за некои големи промени во американската политика спрема Русија. Украина останува извор на суштинско несогласување и пред само месец дена  администрацијата на Обама ја убеди Европската унија да ги продолжи санкциите против Москва“, пишува весникот.    

Како пример за дипломатското зближување меѓу Вашингтон и Москва новинарот ја наведува посетата на Џон Кери на Сочи во мај годинава и неговата прва директна средба со претседателот на Русија Владимир Путин.  Вториот пример се телефонските разговори меѓу Обама и Путин на 25 јуни со разговорот за иранските преговори и соработката во борбата против  Исламската држава, а потоа продолжија редовно да се одржуваат, пишува весникот.  Исто  така Путин на 4 јули му упати срдечну честитка на Обама. Потоа претседателите си го честитаа еден на друг потпишувањето на договорот за Иран и ветија дека поблиску ќе соработуваат на Блискиот Исток.

„По Иран се поставува следното прашање: уште на кое поле е можна руско-американска соработка? Сирија и Украина се сфери во кои двете земји одамна влегоа во ќорсокак, но дури и тука се појавуваат можности за компромис“, смета  Кили. Тој додава дека американските власти по  четири години од граѓанската војна во Сирија се откажаа од отстранувањето на Асад од власт, додека Русија почнува да ја признава слабоста на режимот на Асад и можноста власта да ја совојат џихадистите. „Оваа ситуација ги доведува САД и Русија до разбирање и создава можност за соработка по прашањето за Сирија. Во суштина Сирија е најважната тема во разговорите на двајцата претседатели“, пишува весникот.

Новинарот додава дека дури и во Украина се појавуваат знаци на напредок. „Заменик-државниот секретар на САД Викторија Нуланд овој месец го посети украинскиот парламент и ги повика пратениците да усвојат одредба во рамките на „посебен закон“ за Донецката и Луганската област кои се измачени од војната. Нуланд и Москва не се пријатели и во Русија за неа често се зборува како за американски креатор на украинската криза. Но, нејзината официјана поддршка на планот за давање широка автономија на Донецк и Луганск би можела да означи голем извесен напредок во политиката на американската администрација во врска со Украина“, смета Кили.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.