Малезиската предлог-резолуција за основање меѓународен трибунал за падот на „Боингот“ на истокот на Украина ќе биде разгледана од Советот за безбедност на ООН во среда, 29 јули, соопштува ТАСС повикувајќи се на постојаниот претставник на Нов Зеланд, кој е претседавач со Советот за безбедност.
Русија, веројатно, нема да ја поддржи малезиската предлог-резолуција, изјави за „Ројтерс“ постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин. „Имам силно чувство дека гласањето нема да донесе резултат што ќе го задоволи Советот за безбедност“, изјави дипломатот.
Малезија, како што истакна Чуркин, вклучи во својот документ некои одредби од руската предлог-резолуција, но сепак инсистира на формирање на трибунал. зия, „Тоа не спаѓа во компетенциите на Советот за безбедност, затоа што наведениот случај (авионската несреќа) не претставуваше закана по меѓународниот мир и безбедност“, потенцира дипломатот.
Русија се однесува кон оваа идеја со скептицизам. На 20 јули Москва поднесе до Советот за безбедност на ООН сопствена предлог-резолуцијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче