Грузија ја обвини Русија за провокации

Министерката за одбрана на Грузија Тина Хидашели смета дека Русија го провоцира Тбилиси така што на границата на Јужна Осетија поставува знаци за погранична зона.

Министерката за одбрана на Грузија Тина Хидашели смета дека Русија го провоцира Тбилиси така што на границата на Јужна Осетија поставува знаци за погранична зона. 

„Не мислам дека за руската држаа условното поставување на граница во Цхинвалскиот регион има некаква стратешка вредност. Русија има поинаква цел. Таа секојдневно го тестира нашето трпение, ја провоцира Грузија и се обидува да нѐ вовлече во вооружен конфликт, ни сегашното раководство на нашата држава нема да го дозволи тоа“, изјави таа, а пренесува Вести.Ru. 

Претходно министерството за надворешни работи на Грузија преку швајцарската амбасада упати протестна нота до Русија поради поставувањето знаци кои ја обележуваат границата на Јужна Осетиија. Грузија соопшти дека новите знаци се поместени за 300 метри и дека во таа „окупирана зона“ се наоѓа нафтоводот Баку-Супса. 

Помошникот на министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин во телефонскиот разговор со грузискиот колега Давид Донуо изјави дека знаците биле поставени откако некој ги отстранил и дека се поставени на истите места. Тој исто така истакна дека оваа одлука не ја донело руското раководство, туку властите на Јужна Осетија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња