Форумот „Отворени иновации“ ќе се одржи по четврти пат во Москва. Традиционално оваа манифестација, организирана од владата на Русија, собира околу 3-4 илјади учесници. Годинава форумот ќе се состои од петдневен меѓународен конгрес и изложба во форматот „Шоу на технологиите“ за пошироката публика.
Основна тема ќе биде „Човекот на крстопатот на трендовите на технолошката револуција“. Секој од петте дена од манифестацијата ќе биде посветен на една сфера од животот, кои се менуваат под влијание на технолошката револуција – производството, животната средина, образованието, здравјето и забавната индустрија..
Годинава форумот ќе биде „без вратоврски“ ќе биде фокусиран на живи интерактивни формати: јавни интервјуа, дебати, предавања, мастер-класови, работилници, говори.
Со свои технолошки решенија на „Шоу на технологиите“ ќе се претстават околу 200 експоненти – од најголеми глобални корпорации до млади стартапи.
„Форумот првпат годинава ќе стане вистински отворен. Изложбата ќе можат да ја посетат сите што сакаат без специјални акредитации, само со купен билет“ изјави заменик-претседателот на Владата на Русија и шеф на организациониот комитет на форумот Аркадиј Дворкович.
Коорганизати на настанот се Владата на Москва, Руската корпорација за нанотехнологија „РОСНАНО“, Рускатa компанија за финансирање стартапи, Фондот „Сколково“, Внешекономбанк, Фондот за помош на развојот на мали претпријатија во научно-техничката сфера.
Учество на манифестацијата ќе земат членови на владата на Русија, шефови на владите на странски држави, претставници на најголемите глобални корпорации и лидерите во рускиот бизнис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче