Путин го нарече „преран“ трибуналот за падот на „Боингот“

Претседателот на Русија Владимир Путин во четвртокот во текот на телефонскиот разговор со премиерот на Холандија Марк Руте дискутираше за текот на истрагата на малезискиот „Боинг“ кој се урна на 17 јули 2014 година во Донецката област, соопшти прес-службата на Кремљ.

Според мислењето на Путин, формирањето меѓународен трибунал за истрага на авионската несреќа е „прерано и контрапродуктивно“. Во разговорот со Руте рускиот претседател истакна дека пред да се донесе одлука по тој повод, потребно е да се заврши меѓународната истрага. И таа, како што потенцираше Путин, треба да има „независен и сестран карактер“ и да соодветствува на резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ООН.

Рускиот претседател исто така му посочи на премиерот на Холандија на недозволивоста на „уфрлање“ во медиумите на најразновидни верзии за падот на авионот кои имаат, според мислењето на Путин, отворено политизиран карактер.

Во авионската несреќа на малезискиот „Боинг“ во Донецката област на 17 јули 2015 година загинаа сите 298 патници. Деновиве Малезија официјално поднесе за разгледување до Советот за безбедност предлог-резолуција за формирање меѓународен трибунал за кривично гонење на одговорните за падот на авионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.