Путин поддржа спроведување избори преку интернет

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека е возможно да се одржат избори на државно ниво преку интернет.

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека е возможно да се одржат избори на државно ниво преку интернет.  Тој го изјави ова во вторникот, 14 јули, на средбата со учесниците на Серускиот младински образовен форум „Територијата на смислите на Кљазма“.

„Можно ли е да се гласа преку интернет? Зошто да не? Но ова е многу сериозно прашање, бара да се разработи систем на безбедност. Треба да се дискутира за ова со специјалисти во оваа област, да се дискутира со ЦИК, со пратениците од Државната дума. Јас немам ништо против, сметам дека не би било лошо“, истакна Путин.

Шефот на државата исто така се заложи против силните ограничувања во интернетот. Според неговото мислење, треба Русите „да бидат подготвени за добивање на секоја информација и да можат цврсто, навремено, убаво и талентирано да одговорат“.

Руската Централна Изборна Комисија од 2008 година се занимава со разработка на технологија за гласање преку интернет. Главен проблем претставува верификацијата на личноста на избирачот при зачувувањето на  анонимноста на неговиот глас.

Младинскиот форум „Територијата на смислите на Кљазма“ стартуваше на 14 јули. Путин го посети за да разговара со учесниците во првата смена, која е посветена на млади научници и наставници во областа на ИТ-технологијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.