Во концептот на надворешната политика на Прага, донесен на 13 јули, се вели дека Русија носи потенцијална опасност за европската безбедносна архитектура. Документот е објавен на сајтот на МНР Чешка.
Во концептот исто така се истакнува дека Москва, како постојана членка Советот за безбедност на ООН, игра важна улога на светската арена и со неа е неопходно да се соработува. „Чешката политика спрема Русија, вклучувајќи го и размерот на политичките и економските контакти, ќе зависи од почитувањето од страна на Руската Федерација на меѓународното право и територијалниот интегритет на нејзините соседи“, се вели во документот.
Како долгорочна цел на соработката со Москва се наведува надминувањето на тековните проблеми и воспоставувањето партнерски односи.
Согласно донесениот концепт, како приоритетни насоки за надворешната политика на Прага се Централна, Југоисточна и Источна Европа. Во група документот се потврдува дека Вишеградската група (сојузот на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка) е основната платформа за регионална соработка. Освен тоа, во концептот се зборува за посебни односи со САД, Франција, Велика Британија, Германија и Израел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче