Медиумите ги издвоија петте најопасни руски подморници

Последниве десет години руските власти ги вложија своите напори во модернизација на вооружените сили на Русија, пишува порталот „Национален интерес“ и ги набројува петте најопасни руски подморници.

Во периодот на студената војна советските подморници  беа сила на која мораше да се смета. Последниве десет години руските власти ги вложија своите  напори во модернизација на вооружените сили на Русија, пишува порталот „Национален интерес“ и ги набројува петте најопасни руски подморници.

Првото место е за нуклеарната подморница од проектот 971 „Штука-Б” (според класификацијата на НАТО „Akula“). 

На второто место е дизел подморницата од проектот 877 „Палтус” (според класификацијата на НАТО „Kilo”). 

На третото место е повеќенаменсата дизел подморница од проектот 636 „Варшавјанка” (според класификацијата на НАТО „Improved Kilo”). Модернизираната подморница од проектот  877 е многу побрза од нејзината претходничка и се смета за една од најтивките дизел подморници.

Четвртото место е за подморницата од проектот 955 „Бореј”. Нејзиниот претставник  „Јуриј Долгоруки“ е вооружен со 16 интерконтинентални балистички ракети „Булава”, а освен тоа подморницата е опремена и со 6 торпедни апарати. 

Последна на списокот е повеќенаменската нуклеарна подморница од проектот 885 (0885) „Јасен”. Првата подморница од овој проект („Северодвинск”) состав на Северната флота на Русија во 2014. године. Благодарение на нуклеарното енергетско напојување „Јасен” значително ги надминува сите претходници. Овие подморници можат да се спуштат на длабочина до 600 метри и затоа претставуваат уште поголема опасност за непријателите, пишува изданието.

 

  •  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.