Во саботата, 11 јули, по американска иницијатива, се одржа телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„Ја продолживме дискусијата за текот на преговорите во Виена за постигнување договор за иранската нуклеарна програма“, се наведува на сајтот на МНР РФ.
Како што претходно во саботата изјави Џон Кери по средбата со министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф и високиот комесар на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, на преговорите „сѐ уште остануваат тешки прашања кои треба да се решат“.
Во петокот високопозициониран извор во иранската делегација изјави дека партнерите во „шесторката” поставуваат вискои барања на преговорите за нуклеарната програма на Техеран во Виена.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Москва ја следи ситуацијата на преговорите за иранската нукеларна програма во Виена и дека се надева дека преговорите наскоро ќе бидат завршени со успех.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче