Меѓународниот меѓународен фонд (ММФ) смета дека економската ситуација во Русија последниве неколку месеци малку е подобрена, но целина останува сложена. Ова во четвркот го соопшти главниот економист на фондот Оливие Бланшар, презентирајќи ги обновените оценки за состојбата и перспективите на развојот на светската економија.
„Годинава очекуваме во Русија пад до минус 3,4%. Тоа е малку подобро од нашата априлска прогноза“, изјави тој. Според неговите зборови, промената на оценките на подобро се објаснува, на пример, „со покачувањето на цените на суровинската роба и зацврстувањето на довербата“ кај бизнисот. Сепак, „оваа година ќе биде тешка за руската економија“, истакна Бланшар.
Во ажурираниот извештај на ММФ се вели дека се очекува во Русија во тековната година економски пад до минус 3,4%, а следната – раст до 0,2% Во април фондот прогнозираше за 2015 и 2016 година во Русија пад до минус 3,8, односно минус 1,1,%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче