Започна процедурата за прием на Индија во ШОС

Шангајската организација за соработка го започна процесот за доделување на полноправно членство на Индија, изјави претседателот на Русија Владимир Путин по разговорите со премиерот на Индија Нарендра Моди.

„Ние го започнуваме процесот за полноправно членство на Индија во Шангајската организација за соработка”, изјави Путин.

Рускиот лидер му заблагодари на Моди за поддршката на руското претседателство БРИКС. Претседателот истакна дека е планирано во текот на Самитот да биде усвоена долгорочна Стратегија за партнерство на земјите од БРИКС и да започне со работа Банката за развој.

Путин на 19 јуни соопшти дека на следниот самит на Шангајската организација за соработка во Башкортостан на организацијата ќе можат да ѝ се придружат Индија и Пакистан.

Во престолнината на Република Башкортостан Уфа од 8 до 10 јули се одржуваат меѓународните самити на Шангајската организација за соработка и БРИКС.

Оваа година Русија претседава со двете организации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња