Излегувањето на Грција од еврозоната ќе придонесе за зближување на земјата со Русија и ќе ги намали апетитите на НАТО во врска со проширувањето на Алијансата, пишува политичкиот аналитичар Лоренс Соломон во канадското издание на „Фајненшел Пост“.
Уште повеќе, сојузот на Русија и Грција ќе ја натера Европа да се преиспита, смета тој. Од негова гледна точка, Грција има низа причини за зближување со Русија.
Една од тие причини лежи во историјата, како во подалечната, така и во поблиската. Соломон потсетува дека првиот странски претсставник што се сретна со новиот премиер на Грција Алексис Ципрас по победата на СИРИЗА на изборите во Грција во јануари беше токму рускиот амбасадор во земјата.
Покрај тоа, над 60% од Грците имаат позитивен однос спрема Русија, додека негативен однос имаат спрема ЕУ, чии барања ја фрлија земјата во депресија.
Аналитичарот смета дека Грција, ако ја напушти еврозоната, набрзо ќе ја напушти и ЕУ. Во тој случај, нејзе ќе ѝ биде потребна воена заштита, особено од Турција. Русија исто така може да има полза од таа ситуација со распоредување на свои бази на територијата на земјата.
„Во ситуација кога Русија ќе ја добие Грција како сојузник и ќе распореди таму свои трупи и воени бродови, ЕУ и НАТО ќе ги намалат своите апетити за понатамошно проширување, а РФ ќе има повеќе можности да поставува едни или други барања во иднина“, смета Соломон.
Аналитичарот потенцира дека излегувањето на Грција од еврозоната ќе доведе до геополитичко ресетирање, кое од својастрана може да доведе до промена на рамнотежата на силите во Европа и на Блискиот Исток.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче