Звјаганцев во жирито за Оскар

Рускиот режисер Андреј Звјаганцев од Американската филмска академија доби покана да влезе во состав на жирито за наградата Оскар.

Веста ја пренесе изданието Deadline. Доколку авторот на „Левифан“ ја прифати поканата, тој ќе добие право да гласа за номинациите за една од најпрестижните филмски награди.

Во жирито на филмската академија има повеќе од 6 илјади претставници на кинематографијата. Меѓу нив има режисери, актери, композитори, сценаристи. Секоја година жирито добива нови членови.

Андреј Звјаганцев е најпознат по своите филмови „Елена“ од 2011 и по „Левифан“ од 2014 година. Оваа година „Левифан“ беше номиниран за оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, но наградата ја доби црно-белата психолошка драма „Ида“ на полскиот режисер Павел Павликовски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.