Русија револтирана од статии во јапонските медиуми на тема Втора светска војна

Извор во МНР РФ изјави дека „на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна“, „визит-картичка“ на цела низа јапонски медиуми стануваат отворено навредливите публикации на тема милитаристичкото минато на Јапонија“.

Москва е револтирана од текстовите во некои јапонски медиуми на тема военото минато на Јапонија во кои цинично се претставени обиди за оцрнување на споменот на советските војници-ослободители, изјави извор во одделението за информирање на Министерството за надворешни работи на РФ.  

Како што соопшти изворот, „на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна“, „визит-картичка“ на цела низа јапонски медиуми стануваат отворено навредливите публикации на тема милитаристичкото минато на Јапонија“.

„Би сакале во врска со тоа да потсетиме дека токму милитантната Јапонија беше дел од оската на општопризнати држави-агресори во Втората светска војна и дека во полна мера ја сноси одговорноста (заедно со оние кои ја застапуваа фашистичката идеологија) за избивање на најкрвавата војна во историјата на човештвото, како и за суровото поробување на земји и народи“, изјави тој.

„Со негодување обрнуваме внимание на нескриениот цинизам на обидот да се оцрни споменот како на советските војници-ослободители, така и на кинеското население кое страдаше од јапонска окупација. Злосторствата на јапонската војска против човештвото во текот на Втората светска војна не можат да бидат заборавени. Обидот во општествената свест  да се всади идејата на реваншизам, независно од тоа со која цел се прави тоа, претставува опасен пат, како што повеќепати досега покажа историјата“, додаде изворот од руското МНР.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.