„Гаспром“ ја менува стратегијата за работење на европскиот пазар

„Гаспром” ќе почне да работи на европскиот пазар по принцип на аукциска продажба на гасот, изјави претседателот на Управниот одбор на руската гасна компанија Алексеј Милер на акционерското собрание.

„Воведуваме промени во нашата стратегија на работење на европскиот пазар, ќе работиме по принцип на аукциска продажба на гасот“, изјави Милер. Според неговите зборови, на првата аукција што ќе се одржи во септември ќе бидат продадени 3 милијарди кубни метри гас.

„Ова е дополнителната метода на работење на европскиот пазар. Таа не претставува алтернатива на продажбата врз основа на долгорочни договори“, изјави Милер.   

Милер исто така најави дека рускиот гас од „Турски тек“ ќе отиде на други пазари ако ЕУ не создаде капацитети за негово преземање. „Гаспром“ нема да склучува неповолни договори, изјави Милер на прес-конференцијата во петокот.

„Ако не бидат создадени капацитети – сите се информирани за ризиците. Сите тие знаат, за тоа не сме зборувале само еднаш, значи, гасот ќе отиде на други пазари“, додаде Милер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.