Кремљ смета на најскоро решавање на ситуацијата во Ерменија, како и на мир и просперитет за таа земја, изјави портпаролот Песков.
„Ние сметаме дека ќе бидат најдени одговори на сите прашања строго во согласност со важечкото законодавство на Ерменија. Ние ѝ посакуваме на Ерменија мир, просперитет и најбрзо регулирање на несогласувањата што ги има“, изјави тој.
Одговарајќи на прашањето дали имало некакви контакти со раководството на Ерменија, Песков потенцираше дека Москва и Ереван имаат „тесни и партнерски односи и заедничко учество во интегративните процеси, тие контакти постојано се одвиваат“.
Претставникот на Кремљ не одговори на прашањето за прогнозите во врска со развојот на ситуацијата. „Ние не се занимаваме со прогнози“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче