Договор за „Мистралите“ до овој момент нема, изјави во петокот, 31 јули, претседателот на Франција Франсоа Оланд, чии зборови ги цитира радиостаницата „Ер-Те-Ел“.
„Во тек се дискусии. Ќе решам во следните неколку недели“, додаде претседателот на Франција.
Во петокот премиерот на Франција Мануел Валс изјави дека Париз ќе донесе одлука за компензација на РФ за неиспорачување на носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“ на крајот на летото.
Претходно помошникот на претседателот за прашања за воено-техничка соработка Владимир Кожин изјави за РИА „Новости“ дека преговорите со Франција околу „Мистралите“ се завршени, и дека се определени роковите и сумата што Париз ќе ѝ ја плати на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче