„Фокус“: реалистот Путин е поуспешен од фантазерот Запад

За разлика од Западот, Кремљ во Сирија и Украина се придржува до трезвена реалполитика и нема илузии однос на вистинските сили кои стојат зад револуциите, пишува германски „Фокус“. Русија не се обидува да ги „цивилизира“ воените конфликти и да им даде морална оценка, објаснува авторот на статијата. Наместо тоа, таа нуди ефективни решенија. А таквата стратегија ги има сите шанси за успех.

Кога почна „Арапската пролет“, европските аналитичари дојдоа до општа оценка дека во основа на револуцијата лежи стремежот кон демократија, пишува „Фокус“. Меѓутоа, по некое време се покажа дека тие само што не направија грешка, туку  направија „ужасна погрешна пресметка“, смета авторот на статијата Кристиан Остхолд.

Погледот на тековната геополитичка карта на светот не ѝ остава на ЕУ причини за оптимизам, продолжува изданието. Вооружениот конфликт во Украина трае веќе трета година. Кризата во Сирија е, исто така, сѐ уште не е регулирана. Иако на прв поглед може да изгледа дека и двете кризни жаришта имаат малку заеднички нешта, ако се погледне пвнимателно станува јасно дека во однос на стратегиите до кои се придржуваат ЕУ и Русија, тие се многу слични. И анализата на ситуациите покажува дека западните влади не извлекоа поука од сопствените грешки, додека Москва нуди поефикасни решенија.

Кога почна граѓанската војна во Сирија, и покрај двосмисленоста на ситуацијата, Брисел, Берлин и Париз побрзаа да се солидаризираат со бунтовниците, кои во медиумите, „безрезервно ги славеа како борци за слобода“, потсетува Остхолд. На Запад одлучија дека протестот против режимот на сирискиот лидер Асад е „израз на демократските аспирации“. Според тоа, на секој обид од страна на Дамаск да воспостави поредок во земјата се гледаше како на „чин на политички деспотизам“ и служеше како „доказ на погрешните претпоставки дека сирискиот народ се крена против својот угнетувач“.

Подоцна дознавме дека за промена на власта во Сирија не биле само заинтересирани исклучително либералните движења, туку и потполно антидемократските, како што се различните џихадистички групи, вели авторот. Се чини дека увид во вистинската состојба на работите во земјата ќе доведеше до критично ревидирање на целата западна аналитика, но украинската криза во 2014 година покажа дека тоа не се случило. Наместо да изведат заклучоци од „огромната грешка“, шефовите на државите на ЕУ повторно, штом започна „Евромајданот“, застанаа на страната на демонстрантите.

Како и во случајот со „Арапската пролет“, под импресија од репортажите на медиумите за храбрите Киевјани, кои ги бранат своите права, на Запад беа длабоко убедени дека протестот против владеењето на претседателот Јанукович беше либерален според карактерот. Подоцна се покажа дека и овој пат дојде до погрешно пресметување. По соборувањето на владата во Киев „на политичката сцена се качија“ ултранационалистите и десните радикали, изјавувајќи дека имаат право на глас. Поради ова, сѐ повеќе и повеќе аналитичари станаа склони да веруваат дека официјалната верзија на западните медиуми не е целосно реална.

И тогаш во играта влегува Русија, продолжува авторот. Притоа стратегијата што Кремљ ја избра за Украина и Сирија ги има сите шанси за успех, убеден е Остхолд. И ова се должи на фактот дека Русија, за разлика од земјите како што е Германија, ги заснова своите дејствија не врз моралните расудувања, туку на трезвена реалполитика. Во основата на овој пристап лежи верувањето дека, во суштина, сите страни на конфликтот се исти. Москва знае дека по победата секоја од фракциите ќе се стреми кон апсолутна власт, и заради тоа нема илузии. Затоа, Кремљ „разумно се обложува на помалото зло“, објаснува Остхолд.

Несомнено, режимот на Асад е единствената сила која е способна да создаде во земјата функционална држава. Доказ за тоа се милионите Сиријци кои сега живеат мирно во регионите контролирани од владата. Ова, се разбира, не значи дека воените злосторства на Дамаск треба да бидат заборавени, но тоа покажува дека луѓето се стремат пред сѐ кон ред, безбедност и стабилност. Сите овие аргументи се валидни и во случајот со Украина, со новата власт која страда од истите недостатоци како и претходната, продолжува авторот. Станува збор за корупцијата, непотизмот, правниот нихилизам и силното влијание на мафијата.

Од сето ова следува дека во Украина и Сирија Русија се придржува до „доктрината на реалполитиката“,заклучува авторот. Сепак, на Запад Кремљ сѐ уште се појавува како „аморален играч во валканата војна“ и единствено поради тоа што, за разлика од западните држави, кои имаат повеќе теоретска претстава за тоа како се водат војни, Москва не се обидува да го „цивилизира“ воениот конфликт.

Фактот дека ЕУ прави големи напори за олеснување на страдањата на луѓето во кризните региони е достоен за највисока пофалба, но тоа не значи дека треба да се западне во „илузијата на фиктивната реалност“ и да се обвинува Москва што често реалполитиката е лишена од благороден изглед, заклучува авторот, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња