„Не одам во Турција“
Рамиљ Ситдиков / РИА НовостиРуските и сириските специјални сили го најдоа и го евакуираа на руската авиобаза Хмејмим капетанот на бомбардерот Су-24, кој беше соборен на 24 ноември од страна на турските ловци, соопшти министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Според него, операцијата траела околу 12 часа. „Операцијата заврши успешно. Капетанот беше донесен на нашата база. Жив и здрав. Би сакал да им се заблагодарам на нашите луѓе кои со огромен ризик работеа цела ноќ – во 3 часот и 40 минути по московско време тие ја завршија својата работа“, вели Шојгу.
Претходно за спасувањето на еден од пилотите соопшти амбасадорот на Русија во Франција Александар Орлов. Во интервју за француската радиостаница Europe 1 амбасадорот исто така изјави дека вториот пилот, командирот на екипажот потполковник Олег Пешков „бил ранет за време на спуштањето со падобранот, а веќе на земјата бил ѕверски убиен од страна на џихадистите...“. Како што изјави рускиот претседател Владимир Путин, пилотот е посмртно награден со Ѕвездата Херој на РФ, едно од највисоките државни признанија.
Како што стана познато на 25 октомври, во врска со инцидентот со рускиот авион Су-24 на амбасадорот на Турција во Русија Умит Јардим од страна на руското МНР му беше врачена протесна нора.
Ситуацијата во врска со урнатиот руски бомбардер денес одново беше прокоментирана од страна на Кремљ и на владата. Путин го изнесе своето мислење во врска со препораките на руското МНР, советувајќи ги Русите да се воздржат од посета на Турција. Претседателот ја поддржа оваа мерка и ја поврза со дејствијата на турските власти. Според него тие видат „целна внатрешна политика за исламизација на својата земја“. Станува збор за поддршка на радикалните ограноци на исламот, подвлече Путин. Тој, исто така, изјави дека во поглед на тоа што се случи со рускиот воен авион, „не можеме да исклучиме некакви други инциденти. И доколку тие се случат, ние на еден или на друг начин ќе мораме да реагираме. И нашите државјани кои се наоѓаат во Турција, секако, можат да бидат подвргнати на големи опасности...“.
Своја оценка за инцидентот со соборениот руски бомбардер даде и премиерот на Русија Дмитриј Медведев. Тој ги нарече дејствијата на Турција безрасудни и злосторнички, кои доведоа до низа последици.
Според него, чекорот на Анкара создаде „опасно заострување на односите помеѓу РФ и НАТО, кое не може да биде оправдано со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници“. Дејствијата на Анкара сведочат за нејзината поддршка на екстремистите од ИДИЛ и ги занишаа темелите на „долгите добрососедски односи помеѓу Русија и Турција, меѓу другото и во економската и во хуманитарната сфера“, рече Медведев. Според него, РФ сега може да се откаже од „низа важни заеднички проекти“, а турските компании можат да ги изгубат своите позиции на рускиот пазар.
Властите обелоденија и информација за тоа какви воени мерки презема Русија како одговор на дејствијата на Турција. Москва на својата авиобаза во Хмејми во Сирија ќе ги префрли новите зенитно-ракетни комплекси за ПВО С-400, соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу. Министерот исто така изјави дека во воена подготвеност е поставен и ракетниот крстосувал „Москва“. Крстосувачот е опремен со системот за ПВО „Форт“, сличен на С-300. Бродот се наоѓа во крајбрежниот дел на Латакија и е „подготвен да уништи која било воздушна цел која претставува потенцијална опасност за нашата авијација“.
Освен тоа, според Шојгу, сите понатамошни дејствија на ударната авијација на Русија во Сирија ќе се извршуваат исклучиво под заштита на ловец. Чекорите што ги обелодени Шојгу претходно беа објавени од страна на Генералштабот како „цврсти одлуки“, што ги донел воениот ресор по инцидентот со рускиот бомбардер. Министерот уште еднаш потврди дека воените контакти со Турција прекинуваат.
Претходно стана познато дека во спасувачката операција од 24 ноември загинал и еден руски маринец. Според информацијата која беше објавена од страна на рускиот воен ресор, за време на спасувачката акција хеликоптерот Ми-8 беше погоден, при што мораше да се приземји, а потоа беше уништен од страна на екстремистите. Учесниците во спасувачката мисија успеаја да го евакуираат на руската авиобаза, но за време на операцијата бил убиен еден маринец. Според информациите од медиумите, хеликоптерот бил уништен со помош на американскиот противтенковски комплекс BGM-71 TOW.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче