За нас

„Russia Beyond The Headlines“ (RBTH) е интернационален мултимедиски проект за Русија на „Росијскаја газета“ од 2007 година. RBTH нуди вести, анализи и коментари за широк спектар прашања од областа на културата, политиката, бизнисот, науката и општествениот живот во Русија.

Во своите печатени изданија и на Интернет-порталите RBTH покрива тековни настани во Русија и надвор од неа, потпирајќи се на работата на професионални, независни руски и странски новинари.

Мисијата на RBTH е да придонесе за подобро разбирање на Русија во светот, независно од тоа дали се работи за обични граѓани, лица од општествениот живот, експерти или претприемачи. За постигнување на оваа цел, RBTH оди надвор од границите на здодевните новинарски резимеа и нуди иновативен пристап во покривањето и анализирањето на вестите преку објаснување, едукација и забава за читателите.

Целната публика на RBTH е широк спектар од образовани, општествено ангажирани и ситуирани луѓе кои ги следат водечките светски медиуми.

Во својата уредувачка политика RBTH се раководи според принципите на квалитетното новинарство, урамнотеженоста и објективноста на содржините, релевантноста за читателите репрезентативноста. Сите уредници кои работат за RBTH се родени говорители на дадениот јазик. Тие водат сметка за усогласеноста со новинарските стандарди, уредувачката политика и за традицијата на земјите во кои се објавуваат содржини на RBTH.

За да дознаете повеќе за синдикација со RBTH, кликнете овде.

За да го запознаете целиот наш тим, кликнете овде.

За да дознаете повеќе за сите проекти на RBTH, кликнете овде.

+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.