Десетте најстари куќи во Москва

Umid Khamzin (CC BY-SA 4.0)
Најстарите градби во Москва се древните цркви. Меѓутоа, ве запознаваме со најстарите прекрасни куќи и дворци во руската престолнина со секуларна намена.

1. Грановитата палата

Изградена е во периодот од 1487 до 1491 година, а проектирана е по нарачка на великиот кнез Иван III од страна на италијанските архитекти Марко Фрјазини и Пјетро Антонио Солари. Палатата стана главната церемонијална сала на Кремљ.

2. Стариот англиски двор

Изградена е во XIV век како куќа за домување, а во 1550-тите била предадена на Московската компанија од Лондон, која тргувала со Русија. За време на британските амбасади во Москва, во таа зграда живееле амбасадорите и нивната свита. „Англискиот двор“ бил првото претставништво на некоја странска сила во Русија.

3. Палатата на болјарите Романови во Зарјадје

Изградена на преминот од петнаесеттиот во шеснаесеттиот век, градбата им припаѓала на болјарите Романови. Преданието вели дека во 1596 година во оваа куќа се родил првиот цар од династијата Романови, Михаил Фјодорович.

4. Потешниот дворец во Кремљ

Зградата е изградена во 1651 година како болјарска куќа. Почнувајќи од 1672 година овде биле организирани првите „потехи“ - театарски претстави, а зградата почнала да се нарекува Потешни дворец. Како дел од дворецот била изградена црквата „Пофалба на Богородица“, домашна црква на царското семејство.

5. Палатата на секретарот Украинцев

Изградена во 1665 година, зградата му припаѓала на истакнатиот државен функционер Емелјан Украинцев, член на Болјарската Дума. Од 1770 година тука се наоѓал Московскиот главен архив.  

6. Палатата на Аверкиј Кирилов

Иако однадвор изгледа како дворец од XVIII век, зградата била изградена во 1650-тите за Аверкиј Кирилов, истакнат чиновник од тоа време.

7. Крутицкиот теремок

Теремот над Светите порти на Крутицкото подворје во Москва (изграден 1693-1694) е дел од одаите на митрополитот Крутицки и Коломенски, кои ја спојуваат неговата куќа со црквата. Од прозорците на теремот митрополитите го благословувале народот и им давале милостина на сиромашните.

8. „Кулата Згура“ (Чертољски сокак)

Не се знае точно по кој повод е изграден ова уникатно здание од крајот на XVII век. Во 1920-тите овде живеел Владимир Згура (1903-1927), стручњак од областа на роднокрајната историја, основач на Друштвото за проучување на руските имоти.

9. Палатата на Мазепа

Изградена во периодот XVI-XVII век (точниот датум не е познат), зданието погрешно било сметано за куќата во која престојувал хетманот Иван Мазепа за време на неговата посета на Москва.

10. Дворецот на Волкови-Јусупови

Точниот датум на изградба не е познат, зградата можела да биде изградена некаде во XV-XVI век, а потоа неколку пати била реконструирана. Речиси 200 години, од 1720-тите до 1917 година, сопствениците на замокот биле припадници на лозата на кнезовите Јусупови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња